Македонија пред пласман во втората фаза на ЕП во кошарка - ја победи Финска

Вилнус, 4 септември 2011 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација попладнево во Алитус ја победи Финска со 72:70 во четвртото коло од групата „Ц“ на Европско првенство што се одржува во Литванија.

Ова беше трета победа на македонските кошаркари, откако во претходните два дуела беа подобри од Хравтска, односно Грција.

Македонските кошаркари одиграа уште еден неизвесен натпревар и благодарение на мирната рака на Лестер Бо Мек Кејлеб во финишот и реализацијата на слободните фрлања стигнаа до позитива од три поени 72:69. Во последните секунди Финците погодија само едно слободно фрлање што значеше нова трета победа за Македонија на Европското првенство.

Во текот на натпреварот Македонија неколку пати успеа да направи разлика, но не успеваше да ја сочува. Првите три периоди им припаднаа на Финците минимално – 21:20, 19:18 и 18:16, но последниот беше во корист на нашите кошаркари 18:12 што се покажа како решавачко за победата.

И на денешниот натпревар за Македонија најефикасен беше Лестер Бо Мек Кејлеб со 18 поени, Војдан Стојановски постигна 16, а капитенот Перо Антиќ имаше „дабл-дабл“ 14 поени и 19 скокови.

Во финскиот состав најефикасни беа Мико Коивисто и Петери Копонен со по 11 поени.

Денеска се играат и преостанатите две средби од оваа група, по кои ќе биде познато дали Македонија и дефинитивно ќе се пласира во втората фаза на евробаскетот. Утре во 20 часот во рамките на 5. коло Македонија ќе игра против Босна и Херцеговина



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...