Старото ривалство добива ново поглавје

Откако успешно го поминаа првиот "филтер", организаторот Литванија и актуелниот европски вицешампион Србија вечерва ќе му дадат ново поглавје на старото ривалство, во првото соочување во рамките од осминафиналната група "Е", во натпревар кој го доби епитетот "меч на денот".

Двете репрезентации со четири победи и еден пораз ги завршија настапите од првата фаза, па како второпласирани продолжуваат понатаму, а со бодовите кои ги пренесуваат ќе им бидат неопходни две победи за место во четвртфиналето.

Доколку се навратиме наназад во историјата, големото ривалство можеби почна на финалето на Европското првенство во 1995 година во Атина, кога Србија (тогаш СР Југославија) ја победи Литванија и ја остави без златен медал.

Негативната традиција во официјалните настапи за Литванија продолжи и во 2009 година кога исто така на континенталниот собир во Полска, нашиот сосед се радуваше со 89:79, но првата шанса за "одмазда" Литванците ја искористија минатата година во Турција, кога во битката за бронзата со 99:88 ја елиминираа Србија.

Денеска меѓусебната конкуренција добива сосем друга димензија, бидејќи Литванија игра пред домашните фанови, кои секако дека се дополнителна инспирација, но поскромен настап не се очекува ниту од Србите, за кои главна цел е да се најдат во полуфиналето.

Покрај "мечот на денот", ќе се одиграат уште два натпревари во групата "Е".

Честа да ја отворат осминафиналната рунда ќе ја имаат бранителот на титулата Шпанија и Германија.

"Фуријата" која со само еден несреќен пораз во последното коло го затвори настапот во групата "А" влегува како фаворит во овој дуел, бидејќи Германија барем досега не презентираше некое високо ниво на игра, со исклучок на Новицки и Кејмен.

Турција и Франција се последните противници кои попладнево се во "игра".

Двете репрезентации имаа драматично затворање на групите од првата рунда, каде Франција во продолжение се избори за лидерската позиција во групата, додека Турција со многу среќа се најде во осминафиналето.

Но, по ден одмор и можноста за аклиматизација во новата средина, останува само да видиме што овие две селекции ќе ни презентираат на стартот на осминафиналето од Евро баскетот во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...