Франција веќе во четвртфиналето!

Германија - Шпанија 68:77 (15:16, 18:20, 22:20, 13:21)

Турција - Франција 64:68 (14:12, 13:19, 17:26, 20:11)

Србија - Литванија 90:100 (24:26, 20:28, 24:24, 22:22)

Во новормираната група Е репрезентацијата на Шпанија со доста мака успеа да слави во дуелот со селекцијата на Германија со резултат 77:68 и тоа по далеку подбрата игра во последната четвртина. Најдобри во победничкиот тим беа браќата Гасол, Марк со 24 и Пол со 19 поени, додека кај Германците како по обичај подобар од останатите беше Новицки со 19 поени.

Кошаркарската репрезентација на Франција ја забележа и шестата победа на Евробаскетот во Литванија откако во меч од 1. коло од втората фаза на натпреварувањето ја совлада Турција со 68:64. "Триколорите" со овој триумф сигурно си обезбедија пласман во четвртфиналето. Со 20 поени, шест скока и пет асистенции Паркер беше најдобар актер на мечот. Туркоглу со 13 поени беше најефикасен кај Турците.

Кошаркарите на Литванија втората фаза на ЕП на кое се домаќини, ја отворија со триумф против Србија. Литванците до победа ги предводеше Калниетис со 19 поени, додека најефикасен меѓу Србите беше Крстиќ со 21 поен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...