И покрај поразот, сепак се победници

Македонските кошаркари кои синоќа во последниот натпревар од осминафиналната фаза на Европското првенство, во последната секунда примија тројка и беа поразени од Русија, од двајцата селектори добија многу пофалби за нивната игра не само против фаворизираниот руски состав туку на целиот шампионат.

- Мислам дека со настапот на овој натпревар македонските репрезентативци уште еднаш покажаа дека заслужено се меѓу најдобрите осум тима на Евробаскетот. Уште пред натпреварот знаевме дека проблем ќе биде скокот, затоа што игравме без Тодор Гечевски, а и затоа што Русија е најсилна токму на тие позиции. Повторно одигравме добро во одбраната, сепак подолгата клупа на Русија го реши натпреварот. Сметам дека и да победевме, немаше да биде незаслужено. И честитам на Русија и и посакувам многу среќа во наредниот дел од натпреварувањето, изјави македонскиот селектор Марин Докузовски на прес-конференцијата по синоќешниот дуел.

За противникот во четвртфиналето (утре од 20 часот), домашната селекција на Литванија, македонскиот селектор очекува неговите играчи да го дадат максимумот како и на другите натпревари. Тој на Литванците им ја препушти фаворитската улога поради домашниот терен и квалитетот кој го поседуваат.

И рускиот селектор Дејвид Блат упати многу пофални зборови за играта на Македонија не само против неговата репрезентација туку на целиот шампионат.

- Македонија има одличен тренер, добри и паметни играчи кои заедно делуваат многу моќно и играат фантастичен турнир. Сакам да им ја дадам на сите заедно целата заслуга на светот, затоа што тие ја заслужуваат. Тие се навистина сериозен тим. Ние бевме буквално приморани да го извлечеме апсолутниот максимум од секој играч и од секоја ситуација за да победиме на натпреварот. Нема да кажам дека ние игравме лошо, затоа што тие, со нивната добра игра, не натераа да играме лошо. Не сакам да им одземам ништо од заслугата, имавме тежок натпревар затоа што тие се тешки противници, рече Блат. 

Психолошката стабилност на неговите играчи ја нагласи како решавачка за победата над Македонија.

- Морам да им честитам на моите играчи кои ментално не попуштија како многу други. Неколку тимови на ова првенство се откажуваа од борбата, затоа што Македонија буквално ги убиваше со упорноста. На тој начин, Македонија успеваше да победува многу посилни екипи од нив со по 15 поени разлика. Затоа што играат паметно, со вистински играчи на вистинска задача во вистински момент и навистина е тешко да се победат. Голема заслуга би сакал да дадам и до нивниот капитен (Перо Антиќ) кој е голем лидер и одличен организатор, нагласи селекторот на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...