"Слободно" и против "Фуријата"

"Знам едно, дека ќе изгинеме, од прв до последен. Нема тука место за ништо друго. Силна одбрана, посигурен напад, добра реализација. Тоа може да не донесе до самиот врв на европската кошарка. Не забораваме со кого или против кого играме. Но веруваме и во себе, тоа право никој не може да ни го одземе па и фаворизираните Шпанци"- порачува селекторот Марин Докузовски.

Во Каунас се некако веќе работи во тактот на оние балкански "седум-осмини", оној кој го диктираа нашиот национален тим. Јасно и поради што, сензационалните игри кои на овој шампионат ги прикажува четата која ја предводи Марин Докузовски.

Македонската "Фаланга" или шпанската "Фурија", тоа е прашањето на денот, пред она што се нарекува првото полуфинале на овој евро-шампионат во Литванија?

Дали Македонија може да дојде и до нешто повеќе што се граничи со сензација? По домаќинот, и репрезентации како Хрватска, Грција, Финска, БиХ, Грузија, Словенија, да ја победи и супер силната Шпанија?

Марин Докузовски не дава прогнози, нема и зошто... Вели дека и во полуфиналето Македонија ќе игра по стариот и веќе испробан победнички рецепт.

"Немаме намера да го менуваме нашиот стил на играње кој го практикуваме на ова ЕП"- вели Докузовски пред новиот најважен дуел во нашата историја."Свесни сме дека пред нас е еден исклучително силен противник, дека ќе играме против актуелниот европски шампион. Против екипа во која е собрана НБА во мало, со браќата Гасол, Калдерон, Фернандез, Наваро, се светски познати имиња. Но, нема и не смее да има предавање. Кога можевме против една Литванија со 15.000 фанови зад себе, можеме и со другите".

Како да се игра против една таква екипа сјајно "конструирана", и пред се одлично "покриена"? Словенците пробаа со зонска одбрана и имаа успех во тоа прво полувреме.

"Ќе комбинираме нешто во овие 24 часа кои ги добивме и како одмор за играчите и подготовка за нас во стручниот штаб. За мене лично е битно да одиграме како што тоа го правевме досега. Значи да бидеме слободни, да влеземе во дуелот без страв од големината на противникот, и сите тие нивни имиња. Но, досега минавме исто така големи пречки, екипи на нивото на шпанската репрезентација. Бремето на фаворити е на нивна страна. Наше е да истрчаме на теренот и повторно да дадеме се од себе. Знам дека ќе изгинеме, од прв до последен. Нема тука место за ништо друго. Силна одбрана, посигурен напад, добра реализација, тоа може да не донесе до самиот врв на европската кошарка. Не забораваме со кого или против кого играме. Но, веруваме и во себе, тоа право никој не може да ни го одземе, па и фаворизираните Шпанци"- заклучува Докузовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...