Бабунски заминува со испаѓање

Давид Бабунски веќе е сигурно дека нема да го носи повеќе дресот на Барселона Б. Тимот во кој нашиот најдобар млад фудбалер ја мина целата своја досегашна кариера вчера со пооразот од Хуелва и дефинитивно испадна од втората по ранг лига во Шпанија и идната сезона ќе биде третолигаш. Вториот состав на актуелниот освојувач на лигата на шампионите е тема на исмејување затоа што и покрај сериозниорт фонд на играчи и скаутинг од целиот свет, сепак не успеа да обезбеди опстанок ниту во втората лига.

Па така голем дел од играчите меѓу кои и Давид Бабунски сигурно го напуштаат клубот и заедно со своите менаџерски тимови на големо бараат следна клубска дестинација. Ситуацијата со Бабунски во моментов не е ни малку едноставна затоа што нашиот играч во изминатата сезона имаше многу мала минутажа, и речиси и да не настапуваше за тимот. Ако се знае дека за еден млад играч е преку потребно да игра, во било која конкуренција затоа што е неопходно да собира пред се искуство и рутина во играта, тоа значи дека Бабунски е пред сериозна одлука во кариерата. Уште една „статива“ во која тој ќе одбере клуб каде нема да игра сериозно ќе го стави под знак прашалник неговиот фудбалски развиток и талентот кој е несомнен. Ние многупати сме потврдиле и констатирале дека немаме десет играчи кои биле дел од познатата „Ла масија“ фудбалска школа на Барселона, туку го имаме само Давид Бабунски и му посакуаме оваа сезона во Барса Б и бламажата со испаѓањето од втората лига да биде само почеток на нешто далеку подобро и поубаво во неговата кариера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...