Капитените во „војна“ со Перез

Медиумите од Мадрид кои се блиски на екипата на Реал пренесуваат вест која вели дека работите во клубот не се на нивото кое го посакува претседателот и дека дури тројца фудбалери се во „војна“ со него. Капитените Икер Касиљас и Серхио Рамос, како и најдобриот стрелец на екипата Кристијано Роналдо го губат трпението и сите најавуваат дека сакаат да си заминат.

Проблемите не се нови и траат веќе неколку месеци, но во последните денови тие се на ниво на кое лесно може да се „прелее чашата“ и сè да се распадне.



РОНАЛДО ИМА ПЕТ ПРИЧИНИ

Дека Кристијано Роналдо е незадоволен од статусот во клубот е јасно уште од 7 февруари кога се најде на удар. Таа вечер Реал Мадрид го претрпе најтешкиот пораз во сезоната и тоа на мечот против Атлетико Мадрид од 4:0. Истата вечер фудбалерите беа на роденденска забава кај Кристијано Роналдо, кој поради мечот не можеше да го прослави два дена претходно.

Медиумите веднаш објавија снимки од тоа како играчите се забавуваат и како си заминуваат во раните утрински часови од локалот. Роналдо се најде на голем удар, а особено откако Реал продолжи со серијата лоши резултати, па тоа не му се допадна на Кристијано.

Оваа тема стана актуелна повторно откако Пике го спомена моментот за време на прославата на титулите на Барселона.

Втората причина е во несогласувањето со првиот човек на медицинскиот тим, доктор Олмо, а третата во тоа што нема ист третман во клубот како што имаат Икер Касиљас и Серхио Рамос.

Следната причина е заминувањето на Карло Анчелоти, за кого Роналдо имаше високо мислење и на кого му изрази голема поддршка.

Петтата е во Бенитез и неговите коментари дека планира како централна фигура во тимот да го има Герет Бејл така што Роналдо ќе мора да игра на друга позиција што никако не му се допаѓа.

РАМОС СЕ ВРТИ КОН ЈУНАЈТЕД

За Серхио Рамос во последните неколку денови се зборува дека ќе се пресели во Барселона, но тоа е адут кој го вади еден од кандидатите за претседател на клубот. Поголема е веројатноста дека Рамос ќе се пресели на островот и ќе го облече дресот на екипата на Манчестер Јунајтед.



Во однос на заменикот капитен во Реал нема вести околу тоа кои се причините поради желбите за заминување. Едноставно тој изразил желба за менување на средината.

КАСИЉАС Е НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ

Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, е незадоволен веќе неколку години. Практично тој е незадоволен од моментот кога Жозе Мурињо го седна на клупата и му даде место во првиот тим на Диего Лопез. Тоа никако не му се допадна на Касиљас, а слично е и сега кога се споменува Давид де Геа како прв избор за новата сезона.

Вестите кои доаѓаат од Англија и кои велат дека Де Геа поставил услов дека ќе потпише доколку биде прв избор за голот сосема јасно ставаат до знаење дека Икер Касиљас планира да го напушти клубот за кој игра веќе 16 години.

Токму поради тоа и тој е на списокот на играчи кои се во лоши односи со претседателот кој не се стави во позиција на заштитник на главните ѕвезди.



СЕ БАРА СОСТАНОК

Дали ќе има решение на проблемите или тие ќе завршат со заминување на играчите кои се незадоволни, ќе се знае деновиве. Информациите велат дека тројцата фудбалери бараат состанок со раководството. Тие ќе ги изнесат причините поради кои се незадоволни и ќе видат како стојат работите. Сите се подготвени и за тоа да си заминат доколку е потребно.

Според тоа Рамос е со желба да замине во Манчестер Јунајтед, Икер Касиљас има неколку опции, додека Роналдо е меѓу Јунајтед и ПСЖ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...