Динамо со шок победа кај Скендербег

Хрватскиот првак Динамо ја оправда улогата на фаворит во дуелот со албанскиот Скендербег, откако победи со 2:1 на гости во Елбасан, во првиот меч од плеј-оф фазата за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. „Модрите“ едноставно ги шокираа и домашните играчи, но и навивачите на стадионот, бидејќи победничкиот гол го постигнаа буквално во последните секунди од средбата. Со овој триумф, Динамо направи еден голем чекор за влез меѓу најдобрите 32 екипи во Европа, а „визата“ треба да ја потврди на реваншот следната недела, пред своите навивачи во Загреб.



АЛБАНЦИТЕ ПОВЕДОА, НО НЕ ИЗДРЖАА

Скендербег одлично го започна дуелот и со прекрасен шут од слободен удар поведоа уште во првиот дел. Во првите 45 минути, гостите промашија неколку шанси, но грешките ги корегираа во продолжение од средбата. Динамо најпрво израмни на 1:1, а кога се очекуваше дуелот да заврши нерешено, гостите со погодокот на Пивариќ во 93 миунта стигнаа до драгоцена победа. Скендербег кој се надева дека може да стане првиот албански тим што ќе игра во елитната лига, сега е пред речиси невозможна мисија и ќе мора да даде минимум два гола на реваншот.

ВАЛЕНСИЈА СО ВРЕДНА ПРЕДНОСТ

Монако кој минатата сезона играше во четвртфиналето од елитната лига и беше елиминиран од финалистот Јувентус, сега ќе има многу тешка задача за повторно да се најде меѓу најдобрите 32 екипи. Францускиот тим загуби со 3:1 на гостувањето кај Валенсија, во мечот кој може да се нарече дека е и дерби на оваа фаза. Тоа е така, бидејќи овие два тима во последните неколку години се редовен декор од ЛШ.



Шпанскиот тим беше многу поактивен на теренот и дури три пати успеа да ја матира одбраната на гостите, кои важат за цврст состав, кој ретко прима голови. Мала утеха за за тимот од малото кнежество е тоа што дадоа погодок на гости, кој може да има голема важност во реваншот.

И СЕЛТИК СИГУРЕН ДОМА

Предноста на домашен терен ја искористи само уште екипата на Селтик. Шкотскиот првак со 3:2 го победи Малме. Домаќините на два пати имаа предност од два погодоци, но на крајот ќе понесат залиха од само еден гол на реваншот во Шведска, откако Малме беше прецизен во петата минута од судиското надополнување.

РАПИД НЕМАШЕ СИЛИ ЗА НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Украинскиот гигант Шахтјор кој стана редовен учесник во групната фаза од Лигата на шампионите, победи на гости во Виена против Рапид. Иако летово продаде неколку од своите најдобри играчи, Шахтјор повторно има силен состав, а тоа го покажа и во Австрија.

Рапид кој во претходната фаза го направи најголемото изненадување, откако успеа да го елиминира некогашниот четирикратен континентален првак Ајакс, сега по првите 90 минути немаше сили да се спротистави на уште еден фаворит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...