Портокалова револуција или колапс?

На 13 октомври ќе бидат комплетирани групите во квалификациите за Европското првенство, а Холандија ќе дознае дали може да се надева на место на турнирот или не. „Лалињата“ имаа катастрофални квалификации кои можат да резултираат со неиграње на Европското првенство за првпат по 1984 година.

Холандија дозволи по осум кола да освои само 10 бодови или два помалку од Турција на третото место без шанси да се довлечка до првите две позиции кои директно водат на евро-шампионатот. „Портокаловите“ мораат во последните две кола против Казахстан (во сабота) и против Чешка (во вторник) да бркаат шест бода, а притоа да се молат Турција да губи бодови.

Оптимизмот не ги напушта „лалињата“ кои беа вицешампиони на светот во 2010 година и трети на Мундијалот во 2014, а еден од оние кои смета дека ќе се освои третото место (кое обезбедува бараж) е Робин ван Перси, кој игра за турски Фенербахче.

„Не прашувајте ме како, но сигурен сум Турците ќе загубат поени. Забележав дека репрезентативците на Турција кои играат за Фенербахче се сигурни дека ќе се пласираат во бараж, меѓутоа јас сум сигурен дека ќе направат кикс“, кажа Ван Перси, кој го чека 100. меч за репрезентацијата.

Турците играат против лидерите во групата, и тоа прво на гости во Чешка па потоа дома против Исланд.

СНАЈДЕР: ПРЕД ХОЛАНДИЈА ДВЕ ФИНАЛИЊА

Играчот за врска Весли Снајдер ги најави последните два меча од квалификациите како финалиња. Фудбалерот на Галатасарај не гледа друго сценарио освен пласман на неговиот тим на третото место и потоа преку бараж да брка место на ЕП.

„Едноставно мораме да ги освоиме шесте бодови и да ги чекаме резултатите на Турција. Пред нас се два финални натпревари и мораме да најдеме начин како да ги добиеме. Штета што се доведовме во ваква ситуација. Мислам дека моравме да одиграме подобро на претходните мечеви“, вели Снајдер.

ТУРБУЛЕНТНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Холанѓаните запишаа три победи и едно реми во осум меча во квалификациите, што не беше случај претходните години кога ги завршуваа убедливо први. Ги победија само Летонија (двапати) и Казахстан, а ремизираа со Турција дома. Порази бележеа од Чешка на гости, Исланд дома и гости и Турција на гости.

Квалификациите ги почна селекторот Гус Хидинк, кој на 29 јуни си поднесе оставка па Федерацијата на негово место го назначи Дени Блинд, кој запиша порази на двата квалификациски дуели во септември.

Така поранешниот тренер на Ајакс и помошник на Хидинк ја доби тешката задача да ја спасува репрезентацијата и да ја извлече од летаргијата во која се наоѓа. Останува да видиме дали нивната мисија - место на ЕП ќе се оствари.

ЧЕТИРИ ПАТИ ГУБЕЛЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Четирипати во историјата Холандија не успеала да ги помине квалификациите за Европскиот шампионат во фудбал. Тоа се случаите во 1964, 1968, 1972 и 1984 година.

Во 1964 година во квалификациската рунда (тогаш се играле нокаут-средби) испаднала од Луксембург (вкупни 3:2). Во следните квалификации го освоила третото место во групата и без пласман на завршниот турнир.

Ниту четири години подоцна не ги посакала среќата. Во квалификациската група завршиле втори зад Југославија и не се израдувале на место на шампионатот на Европа.

Последниот колапс во квалификациите им бил за ЕП 1984 година. „Портокаловите“ завршиле со ист број на бодови со Шпанија, но послаба гол-разлика и останале без место на шампионатот во Франција.

Од вкупно девет учества на Евро-шампионатите најголемиот успех го направија во 1988 година кога генерацијата предводена од Ван Бастен, Роналд Куман, Гулит, Рајкард, Босман се искачи на тронот на Европа.

ГРУПА А

(САБОТА, 10.10.2015)

ИСЛАНД - ЛЕТОНИЈА

КАЗАХСТАН - ХОЛАНДИЈА

ЧЕШКА - ТУРЦИЈА

(ВТОРНИК, 13.10.2015)

ЛЕТОНИЈА - КАЗАХСТАН

ХОЛАНДИЈА - ЧЕШКА

ТУРЦИЈА - ИСЛАНД

ТАБЕЛА

1. ИСЛАНД 8 6 1 1 15:3 19

2. ЧЕШКА 8 6 1 1 16:10 19

3. Турција 8 3 3 2 11:9 12

4. Холандија 8 3 1 4 13:10 10

5. Летонија 8 0 4 4 4:16 4

6. Казахстан 8 0 2 6 5:16 2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...