Го фативме „фенерот“ со реми

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови на гостувањето кај Белорусија во последното квалификациско коло од групата „Ц“ во квалификациите за Европското првенство во Франција

Во натпревар каде што повеќе и подобри шанси имаа домаќините, нашите момци успеаа без пораз да го завршат овој кошмар, наречен квалификации за Европско првенство. Во првиот дел домаќините имаа неклолку шанси, додека во добро светло се покажа дебитантот на нашиот гол Давид Митов Нилсон. Во продолжението, нашите момци се обидуваа со шутеви од далечина преку Ибраими и Тричковски, но домаќините имаа среќа. Во првиот обид во 55’ минута членот на Марибор шутираше по средината на голот, при што Горбунов само ја одби, на истата налета Иван Тричковски, но со рефлексна реакција Горбунов спаси водство за Македонија. Во вториот обид, Иван Тричковски од некаде 20 метри, шутна, при што топката удри во еден од дефанзивците, за на крајот да заврши во пречката. Најсериозната шанса за гол ја имаа домаќините, поточно Политевич кој од 16. метри со волеј удар ја „скрши“ пречката од голот на Митов Нилсон. До крајот, ниту една од двете репрезентации немаше посериозна шанса. Со тоа, Македонија во групата „Ц“ стигна до четири поени, додека Белорусија сега има 11.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...