Манчестер Ј. дури 555 минути е без примен гол

Најтрофејниот тим во Англија, Манчестер јунајтед, повторно делуваше неубедливо, но на крајот се израдува на триумф, во дуелот со Вест Бромвич Албион од 2:0, во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ во второто полувреме го скршија отпорот на гостите. Лингард го постигна првиот погодок во дресот на Јунајтед најавувајќи ја победата, која ја потврди Мата со погодок од пенал, во судиското надополнување.

ПОБЕДА ВО ЈУБИЛЕЈНИОТ 50. МЕЧ

И покрај победата, тренерот на Манчестер, Луи ван Гал, е цел на навивачите, кои не се задоволни од начинот на кои играат нивните миленици. Јунајтед пред неколку дена на „Олд Трафорд“ се намачи, но на крајот со 1:0 славеа над ЦСКА Москва во Лигата на шампионите и се искачија на врвот во групата од елитното натпреварување. Сега со победата над ВБА, тимот е во чекор и со водечките во Премиер-лигата. Покрај трите бода, за холандскиот стручњак убаво беше да се победи на оваа средба бидејќи тоа за него беше по јубилеен 50. пат да седи на клупата во првенството на Англија.



НАЈДОБРА ОДБРАНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

Без разлика колку се лутат на тактиката на Ван Гал, еден факт покажува дека Манчестер игра многу сигурно и стабилно. Тимот нема примено погодок веќе 555 минути во сите натпреварувања. Последен пат голот на Јунајтед го затресол Думбија од ЦСКА, во 15. минута на дуелот во Москва, во ЛШ. Од тој меч, избраниците на Ван Гал одиграа пет меча во кои не примија ниеден гол. Одиграа 0:0 во градското дерби против Сити, а потоа 120 минути немаше погодоци на средбата од Карлинг купот против Мидлсбро, кој на крајот го загубија на пенали.

Потоа следуваше ремито без голови на гости кај Кристал Палас, потоа и победите без примен гол против ЦСКА и ВБА. На тој начин досега поминаа точно 555 минути на кој Манчестер нема примено гол. Оваа серија без да им се затресе мрежата е најдолга на Манчестер уште од 2008 година. „Ѓаволите“ ја имаат и најдобрата одбрана во лигата, со само осум примени погодоци во 12 дуели.



МОРА ТРПЕНИЕ ВО ИГРАТА

Менаџерот на најтрофејниот тим беше задоволен што уште еднаш на крајот победнички си замина од „Олд Трафорд“. Тој вели дека било тешко да се пробие одбраната на гостите, но во тоа успеале со многу трпение во играта.

„Сите кои играле фудбал знаат дека е најтешко да се пробие добро организиран тим во одбраната. Простор има само од страничните делови и моравме од таму да напаѓаме. Многу полесно беше кога го дадовме првиот гол. Добивме повеќе простор за игра. На крајот заслужено победивме“, рече Ван Гал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...