Екипата на Интер се врати на лидерската позиција на табелата во фудбалскиот шампионат на Италија, откако синоќа со убедливи 4:0 го совлада Фросиноне.
Головите ги постигнаа: Џонатан Бијабијани (29.минута), Мауро Икарди (53), Џејсон Муриљо (87) и Марсело Брозовиќ (90).
Со овој дуел беше комплетирано 13.коло во Серија А, по кое единствен тим без победа е Верона.
Резултати и табела по одиграното 13.коло:
Болоња – Рома 2:2,
Јувентус – Милан 1:0,
Верона – Наполи 0:2,
Аталанта – Торино 0:1,
Карпи – Киево 1:2,
Фиорентина – Емполи 2:2,
Џенова – Сасуоло 2:1,
Лацио – Палермо 1:1,
Удинезе – Сампдорија 1:0 и
Интер – Фросиноне 4:0.
Табела: Интер 30 бодови, Наполи 28, Фиорентина 28, Рома 27, Сасуоло 22, Јувентус 21, Милан 20...