Барса и Баерн со стил во нокаут-фазата

Екипите на Барселона и Баерн Минхен кои се меѓу главните фаворити за освојување на пехарот во Лигата на шампионите, без поголеми проблеми си ја завршија работата во групната фаза. На едно коло пред крајот на овој дел од натпреварувањето, шпанскиот и германски првак се сигурни на челните места во своите групи и ќе имаат привилигирана улога, кога ќе се составуваат двојките за осминафиналната битка. Според резултатите во изминативе 10 години, Барса и Баерн се најдоминантни во Лигата на шампионите, па затоа воопшто не се изненадување резултатите кои ги остваруваат.

 

МЕСИ СЕ ВРАТИ СО ГОЛ

Барселона немаше милост против Рома, во дуелот кој требаше да биде едно од дербите на ова коло. Каталонскиот гигант по брза постапка уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победата, кога поведе со 3:0. Во стартниот тим на шпанскиот првак по пауза од речиси два месеци се врати Лионел Меси. Аргентинецот веднаш покажа дека е целосно закрепнат од повредата и ја затресе мрежата на гостите.

Во гол форма е и Луиз Суарез. Уругвајскиот напаѓач кој даде два гола на Реал во „Ел Класико“, овојпат за само 45 минути на своето конто имаше два погодоци и една асистенција, со што само покажува дека игра феноменално.

Барселона по првото полувреме имаше дури 73 отсто посед на топка, со што само ја потврдува доминацијата на каталонците на „Ноу Камп“.

„БАВАРСКАТА МАШИНЕРИЈА“ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА

Баерн Минхен имаше фуриозни почетни 20 минути против Олимпијакос и не му даде никаква шанса на гостинот да се надева дека може да направи сензација. Баварците постигнаа три погодоци уште во првата четвртина од средбата и остатокот од мечот го направија неинтересен. Со овој триумф, тимот на Пеп Гвардиола си го обезбеди првото место во својата група, бидејќи на два пати го „преслуша“ грчкиот првак.

АРСЕНАЛ ОСТАНУВА СО ШАНСИ

На поразот на Олимпијакос се радуваа и во Арсенал. „Топчиите“ пред своите навивачи во Лондон, без поголеми проблеми ги освоија трите бода во дуелот со Динамо Загреб и на тој начин останаа со шанси дека може на крајот да стигнат до второто место во групата. Во последното коло, Арсенал во директен дуел ќе мора да победи против Олимпијакос во Атина, додека на домаќините доволно ќе им биде да останат непоразени.



ЗЕНИТ ОСТАНУВА ПЕРФЕКТЕН

Најпријатно изненадување сезонава е рускиот Зенит. Тоа е единствениот тим кој е перфектен победувајќи на сите пет меча. Зенит во ова коло, пред своите навивачи со 2:0 ја победи Валенсија, која и покрај неуспехот останува со реални шанси за второто место во својата група.

Ако Зенит е единствен без грешка, тогаш приматот за најслаб тим сезонава му останува на Макаби од Тел Авив. Израелците се единствени без ниту еден бод, откако на свој терен загубија од англискиот првак Челзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...