Пеп, сепак, во Јунајтед

Стратегот од Шпанија кој го предводи Баерн Минхен, Жозеп Гвардиола дефинитивно на крајот од оваа сезона ќе се пресели во Англија и тоа ќе биде во Манчестер. Оваа вест доаѓа од британскиот „Телеграф“. Меѓутоа, клубот во кој ќе оди не е Сити туку Јунајтед.

Со ова се демантираат сите вести дека Пеп има преддоговор со граѓаните и одново се отвора прашањето за трансфер на Гвардиола меѓу „ѓаволите“. Тој беше поврзуван со овој тим и претходно уште пред да се пресели во Баерн Минхен, па сега одново е во комбинација.

Ако се има предвид фактот дека во Јунајтед се незадоволни од Ван Гал и од резултатите кои ги бележи тогаш јасно е зошто медиумите од островот сега го поврзуваат Гвардиола со клупата во тимот на овој тим.

Уште поинтересна е информацијата дека самиот сер Алекс Фергусон се обидел да го убеди Пеп Гвардиола да биде негов наследник. Меѓутоа, во тие моменти Шпанецот веќе имал преддоговор со екипата на Баерн. Сега во Манчестер Јунајтед гледаат нова шанса да го ангажираат тренерот кој се специјализираше за титули.



ДИНО ЅОФ ВО БОЛНИЦА

Легендарниот голман, а потоа и тренер Дино Ѕоф е во болница бидејќи се соочува со тешкотии при движењето. Од раководството на Јувентус информираат дека тој веќе три недели се наоѓа на лекување и дека неговата здравствена состојба е тешка.

Ѕоф има 73 години, а веќе десет години е надвор од активната тренерска работа. Последен пат го водеше тимот на Фиорентина, а во 2000 година како селектор на Италија стигна до сребрениот медал на ЕП во Белгија и Холандија.



ШЕВЧЕНКО ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Легендата на фудбалот во Украина, Андриј Шевченко ќе се активира како тренер во репрезентацијата. Тој, најверојатно, ќе биде помошник на Михајло Фоменко и ќе помага за што е можно подобар резултат на Европското првенство во Франција следната година.

Шевченко се откажа од фудбалот во 2012 година и оттогаш почна со активностите за добивање на тренерска лиценца. Доколку навистина седне на клупата во стручниот штаб на Украина тоа ќе му биде првата задача и старт на тренерската кариера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...