Реал го избрал Лукаку

Репрезентативецот на Белгија и играч од нападот на Евертон, Ромелу Лукаку во текот на летото би можел да се пресели во редовите на Реал Мадрид. Според вестите од островот „кралевите“ се подготвени да платат 60 милиони фунти или околу 77 милиони евра за да го откупат неговиот договор со клубот од Ливерпул.

Дали овие пари ќе бидат доволни ќе се види во скоро време. Сепак, јасно е дека нема да биде лесно бидејќи ќе има уште неколку екипи коишто ќе бидат подготвени да платат за него така што може парите коишто се нудат да не бидат доволни.

Во Лукаку, Реал Мадрид гледа играч кој ќе донесе голови во нападот и ќе биде замена за Карим Бензема кој сезонава повеќе е надвор од терените отколку на нив, но е и надвор од форма.

Покрај тоа се очекува репрезентативецот на Франција да биде ставен на трансфер листата и да си замине во текот на летото. Тој ќе биде еден од неколкуте играчи на кои ќе им биде покажана излезната врата, па затоа Лукаку е фудбалерот во кого се гледа новиот главен напаѓач на тимот на Реал Мадрид.

„КРАЛЕВИТЕ“ ГО СЛЕДАТ И МОРАТА

Ромелу Лукаку е само еден од играчите на кои се смета за ангажман во текот на летото, а Алваро Мората е фудбалерот кој би можел да се врати назад меѓу „кралевите“. Тој игра во Јувентус, а како што стојат работите лесно би можело да се случи тој да се врати во клубот откаде што потекнува.

„Мората е човек на Реал Мадрид и ние ги следиме неговите игри. Како што го следиме него така ги следиме и другите фудбалери коишто биле кај нас, па заминале во друг клуб“, вели Бутрагењо.

Алваро Мората е еден од оние играчи коишто повремено се дел од првите 11 на Јувентус, но најчесто е на терен и на средбите на кои тргнува од клупата. Минатата сезона имаше далеку поголема улога во редовите на „старата дама“, но дефинитивно може многу повеќе од она што е искористено од него.

Затоа во Реал Мадрид се подготвени да го вратат, но за таа цел ќе мора да платат околу 30 милиони евра. Воедно постои можност да се пресели и во Ливерпул или во Арсенал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...