Милан почнал намерно да губи во Серија А!?

Најверните навивачи на италијанскиот гигант Милан испратија декларација до челниците на клубот, во која бараат оставка на потпретседателот Адријано Галијани. Според фановите, Милан едноставно не сака да игра во Лигата на Европа следната сезона и затоа намерно игра слабо во последните неколку средби.



„Тие го срамат името и историјата на клубот. Треба да се стави крај на тоа. Избркајте го Галијани или продадете го клубот. Јасно покажуваа дека не сакаат да се борат за место кое води во Лигата на Европа. Тоа е одговорот зошто на последните неколку меча играат лошо. Против послаби противници во последните пет меча имаат два порази и две нерешени“, наведуваат револтираните навивачи во декларацијата.

НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОБЕДАТ ЕКИПИТЕ КОИ ЌЕ ИСПАДНАТ

Во последните четири меча Милан на свој терен одигра нерешено против Карпи (0:0) и Фросиноне (3:3), а загуби на гостувањето кај Верона, која ќе испадне од Серија А. Фросиноне и Карпи се екипи кои може да се приклучат на Верона и да испаднат, но, сепак, беа доволно силни да не бидат поразени на „Сан Сиро“. Милан сезонава во 36 натпревари победи само на 14 средби, што е премалку за тим кој има 18 титули од Серија А во своите витрини. Покрај титулите во првенството, „росонерите“ имаат и седум шампионски пехари и во Лигата на шампионите, што ги прави најдобри во Италија.



СЕТО ТОА Е ЗА ДА ИГРААТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО БАЕРН

По овие резултати, Милан остана на седмото место и има недостижни шест бода помалку од петопласираната Фиорентина, која е на место што води во квалификациите од Лигата на Европа. Ако стигнеа до петтото место и играа во квалификациите од второто по ранг натпреварување, тоа ќе значеше промена на летниот план на клубот.

Милан на 27 јули има закажано пријателски дуел со Баерн Минхен во Чикаго. Ако играа во квалификациите во ЛЕ, Милан ќе мораше во тој термин да игра во европскиот куп. Токму поради пријателскиот меч против баварскиот гигант „росонерите“ решија да не го бркаат петото место во Серија А.

МОЖЕ ДА ИГРА ВО ЕВРОПА ПРЕКУ КУПОТ

Милан уште има шанси да се пласира во Лигата на Европа, и тоа директно во групната фаза. Тоа ќе се случи ако „росонерите“ триумфираат во Купот на Италија. Милан ќе игра во финалето, но за противник го имаат шампионот Јувентус. Доколку „старата дама“ ја продолжи доминацијата и го доведе и тој трофеј во Торино, тогаш Милан повторно ќе остане без евронастап.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...