Ван Гал за отказот дознал од Мурињо?

Англискиот весник „Дејли Мирор“ излезе со интересна информација, а тоа е дека Ван Гал за отказот дознал од Жозе Мурињо, човекот кој, најверојатно, ќе го преземе тимот од него. Португалецот му се јавил на холандскиот тренер и му порачал да почне да си бара нова работа бидејќи тој веќе се договорил со „Црвените ѓаволи“. А Ван Гал до последниот ден се надеваше дека нема да биде сменет, посебно кога го освои ФА Купот, но, сепак, ја прифати одлуката на раководството на клубот.

„Разочаран сум од самиот себе, што не успеав да го исполнам тригодишниот план. Но, мислам дека ги поставив основите од кои тимор ќе тргне напред и ќе ниже трофеи. Се надевам дека освојувањето на ФА Купот ќе биде отскочна штица за многу поголем успех наредната сезона и за трофеите кои ги бараат навивачите. Им благодарам на сопствениците и на бордот на директори што ми дадоа шанса да работам во Јунајтед“, изјави Ван Гал.



ЖОЗЕ СЕ СПРЕМА ЗА МАНЧЕСТЕР

Веднаш штом клубот го отпушти Ван Гал почнаа да се кројат плановите за нов тренер, а се очекува тоа да биде Жозе Мурињо кого медиумите одамна го поврзуваа со клубот од Олд Трафорд. Агентот на португалскиот менаџер Жорге Мендеш вчера отпатува во Лондон на преговори. Мурињо се согласува на тригодишен договор со плата од 15 милиони фунти по сезона исто колку што ќе заработува Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Пред Јунајтед да потпише договор со него Португалецот ќе треба да го претстави својот план за следната сезона како и да ги објави имињата на помошниците. Се очекува, ако не се појават проблеми, договорот да биде потпишан до крајот на неделата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...