Бенитез останува на менаџерската функција

И покрај испаѓањето од Премиер лигата, шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез потпиша нов тригодишен договор со Њукасл, објави клубот.

Бенитез во март го презема Њукасл и имаше солидни резултати но не успеа да го спаси клубот од преселба во понизок ранг на натпреварување. Сепак, навивачите на „црно-белите“ му дадоа голема поддршка на Шпанецот и побараа тој да остане на менаџерската позиција.



- Задоволен сум што останувам во Њукасл. Големо влијание на оваа одлука имаше и љубовта на навивачите која ја почувствував, а исто така и односот на управата кон мене беше повеќе од коректен. Ова е голем клуб и јас сакам да сум дел од неговата иднина, изјави Бенитез, по потпишувањето на договорот.

Шпанскиот фудбалски стручњак во својата тренерска кариера претходно работеше во Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Интер, Ливерпул, Валенсија, и уште неколку шпански екипи од понизок ранг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...