Победа за Исланд, реми на Унгарија и Португалија

Репрезентацијата на Исланд со голот во последната минута ја победи Австрија со 2:1 во дуелот од 3.коло од Ф групата, а на вториот натпревар од групата Унгарија и Португалија беше 3:3 со тоа што Унгарија трипати водеше.

На дуелот меѓу Исланд и Австрија, Исланд поведе во 18.минута со голот на Јон Дади Бодварсон, а изедначи Александро Шеф во 46.минута. Голот за победа за Исланд го постигна Арор Ингви ТраТраустасон во 90+4 минута. Александар Драговиќ не реализираше пенал за Австрија во 37.минута.



Унгарија и Португалија го одиграа најефикасниот дуел од групната фаза досега. Унгарија поведе во 19.минута преку Золтан Гера, а изедначи Нани во 42.минута. Балаш Душчак донесе водство за Унгарија во 47.минута, а Кристијано Роналдо изедначи во 50.минута. Третото водство на Унгарија и го донесе Душчак со својот втор гол во 55.минута, а пак резултатот го изедначи Роналдо во 62.минута.

Унгарија е прва на табелата со 5 бодови (+2 гол разлика), пред Исланд со 5 (+1), Португалија има 3, а Австрија е последна со 1 бод. Пласман во осминафиналето обезбедија првите три репрезентации, а Португалија има подобар биланс од третопласираните селекции на Албанија и на Турција.



Вечерва во терминот од 21 часот се играат натпреварите од Е групата: Италија – Република Ирска и Белгија – Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...