Португалија на продолженија до минимална победа против Хрватска

Ленс, 26 јуни 2016 (МИА) – Со голот на Рикардо Кваерзма постигнат на три минути пред крајот на второто продолжение, Португалија минимално со 1:0 ја совлада Хрватска и се пласира во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.

На овој натпревар уште еднаш се потврди непишаното фудбалско правило дека кога нема да ја искористиш својата шанса, тогаш противникот ќе те казни. Така беше во 118.минута. Хрватите пропуштија да постигнат гол преку Перишиќ кој ја погоди стативата, а во продолжение на акцијата на другата страна на теренот, Кристијано Роналдо упати удар, хрватскиот голман ја одби топка, натрча Кварезма и со глава од непосредна близина реализира.

Во основните 90 минути двете репрезентации играа претпазливо само со по некоја полушанса за гол, а слично беше и во двете продолженија од по 15 минути се до моментот на постигнување на голот.

Португалија стана третиот учесник во четвртфиналната фаза, претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Полска и Велс.

Три натпревари одосминафиналето се играат и денеска. Двојките се:

Франција – Република Ирска,

Германија – Словачка и

Унгарија – Белгија.

Четвртфиналната листа ќе биде комплетирана утре по средбите:

Италија – Шпанија и

Англија – Исланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...