Крај на златната генерација

По осум години чување на титулите од ЕП, а во еден период и на титулата од СП при што имаше обединување на трофеите, селекцијата на Шпанија ги загуби сите називи шампион така што од 10 јули Европа ќе има нов владетел во следните четири години. Италија беше репрезентацијата која ги испрати дома Шпанците, па сосема извесно е дека Аѕурите се во ритам да дојдат до трофејот.

И додека осумте селекции кои обезбедија четврт-финале се подготвуваат за новите битки на ЕП, Шпанците се веќе дома и трпат критики од сите страни.



Тие немаат веќе кредит кај медиумите, па сосема јасно е дека ќе мора да се соочат со критиките бидејќи и со ваков состав се чекаше многу повеќе од „фуријата“.

„Секогаш сме имале проблеми против екипа која се брани со петмина фудбалери. Италија тоа го правеше одлично во текот на целата средба. Покрај тоа Италијанците одлично и напаѓаа во текот на сите 90 минути и немавме решение. Конте го имаше испланирано секој детаљ од играта и заслужено дојде до победа со своите момци на овој натпревар“, коментираше Дел Боске.

НЕМА ИГРАЧИ КАКО ЧАВИ И ВИЉА

Во оваа репрезентација на Шпанија недостигаше Чави. Таков тип на играч Дел Боске немаше на овие натпревари на ЕП така што немаше и вистински лидер. Андрес Иниеста не можеше сам да одговори на потребите на тимот така што Шпанија загуби многу во средниот ред.



Серхио Бускетс немаше вистински партнер бидејќи Чаби Алонсо исто како и Чави во исто време се повлече од националниот состав.

Во нападот недостигаше играч како Давид Виља. Немаше фудбалер кој ќе знае да пробие низ одбраната и да дојде до позиција за шут. Го немаше ниту Фернандо Торес со чиј погодок во 2008 година беше обезбедена титула на ЕП.

„Чави, Чаби Алонсо и Давид Виља ги нема многу одамна. Икер Касиљас веќе е на клупата и го загуби своето место во првите 11. Андрес Иниеста, Серхио Бускетс, Серхио Рамос, Жерард Пике и Давид Силва веќе изгледаат стари и истрошени... Беше навистина убаво, но веќе заврши“, пишува во една анализа поврзана со Шпанија.

ДЕЛ БОСКЕ СИ ЗАМИНУВА

Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске, ја заврши својата работа како селектор на Шпанија. Натпреварот против Италија е неговиот последен за репрезентацијата на Шпанија така што наскоро ќе биде познато кој ќе биде неговиот наследник.



„Нашиот турнир заврши. Очекувавме дека ќе се пласираме понатаму, но тоа не се случи. Сепак, мораме да бидеме подготвени за квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година кои почнуваат во септември. Оваа игра никогаш не запира. Од 24 тима на ЕП, само еден може да биде победник, а сите други се губитници. Ние на последните два шампионати бевме таа една репрезентација“, рече Дел Боске, кој ја напушта функцијата и своето место го препушта на помладите колеги.

КАПАРОС ГЛАВЕН КАНДИДАТ

Како прв кандидат за наследник на Дел Боске се споменува Жоакин Капарос. Тој би требало наскоро да биде промовиран како селектор на Шпанија, а оваа информација добива потврда и во фактот што Капарос ги одби тимовите на Бетис, Валенсија и Алавес, кои сакаа да го видат на клупата. Причината за одбивањето е можноста да стане селектор.

Информациите велат дека за Капарос лично се заложил и Дел Боске и тој и го предложил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...