Барселона плаќала по 1.000.000 евра за секој гол

Шпанскиот првак Барселона ги има најскапоплатените играчи ако се пресмета сумата дадена за нивното доведување и головите кои ги имаат постигнато во изминатава декада. Според пресметките на шпанскиот весник „Марка“, каталонскиот гигант во последните 10 години довел нови засилувања, а според пресметките на погодоците кои тие ги постигнувале, просекот е дека секој погодок вреди неверојатни еден милион евра.

Еден од оние чии погодоци вредат најмногу е Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот напаѓач пристигна на „Камп Ноу“ за сума од 69,5 милиони евра и одигра само една сезона. Тој заврши со 22 погодоци, што значи дека во просек еден негов погодок вреди 3,16 милиони евра.

Во овие пресметки, сепак, не влегуваат погодоците кои ги постигнале играчите кои потекнуваат од школата на Барселона, како што е Лионел Меси. Токму Меси е најдобар играч и прв стрелец не само во историјата на клубот (453 голови) туку и најдобар стрелец во историјата на Примера дивисион со 312 голови досега.

За разлика од Барселона, во Реал Мадрид се фалат дека нивните засилувања биле многу поисплатливи досега. „Кралскиот клуб“ во своите редови ги има двајцата најскапи играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, но, сепак, според просекот на дадени пари и постигнати погодоци, се многу поуспешни од Барселона. Според пресметките секој гол даден од засилувањата на Реал Мадрид вреди 415.918 евра, што е двојно помалку од просекот на Барселона. Во ранг со Реал Мадрид е само уште германскиот првак Баерн Минхен, со просек од преку 400.000 евра „вредност“ за секој постигнат гол на засилувањата на баварскиот гигант.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...