Јувентус плати 94,7 милиони евра за Игуаин

Парите за купување на Аргентинецот „Старата дама“ ќе ги обезбеди од продажбата на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. Англискиот тим ќе плати 126 милиони евра за Французинот

Најдобриот тим во Италија, Јувентус, решил да создаде клуб кој ќе биде доминантен не само во својата земја туку во цела Европа. „Старата дама“ владее во калчото и веќе пет сезони по ред се радува на скудетото. Сепак, кога се работи за средбите на европско ниво, Јувентус нема титула во овие неколку сезони.

Затоа челниците на гигантот од Торино решија летово да донесат играчи кои ќе го подигнат нивото на игра, а Јувентус ќе може да се надева и на меѓународни трофеи. За само неколку дена „Старата дама“ направи бум на европскиот пазар. Како вистинска бомба одекна фактот дека нов играч на Јувентус е Гонзало Игуаин.



ДЕ ЛАРУЕНТИС БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ ЈА ПРИФАТИ ПОНУДАТА

Минатата сезона Игуаин беше прва ѕвезда во Серија А. Аргентинскиот напаѓач блесна во дресот на Наполи и во 35 меча даде 36 погодоци, што е просек од повеќе од еден погодок на средба. Токму овие негови игри беа најава дека многу европски гиганти ќе сакаат да го доведат во своите редови.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, најави дека Игуаин може да си замине од Наполи, само доколку некој тим успее да ја активира клаузулата вредна 94,7 милиони евра. Иако Де Ларуентис веруваше дека нема да се најде таков клуб, Јувентус реши да ги плати бараните пари. Де Ларуентис не се двоумеше и веднаш ја прифати понудата.

АРГЕНТИНЕЦОТ ЌЕ ДОБИВА 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПО СЕЗОНА

Игуаин веќе направил и тајни лекарски прегледи во Мадрид и сега останува само да се појави во Торино за да се запознае со новите соиграчи и да го облече црно-белиот дрес на најтрофејниот тим во Италија.

Според договорот, аргентинскиот голгетер се согласил на четиригодишна соработка, а ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона. За првпат во историјата на италијанскиот фудбал се дадени толку пари за трансфер на еден играч од еден во друг калчолигаш.

ПЈАЦА Е ПРОМОВИРАН, СЕГА Е РЕД НА ВИТСАЛ

Игуаин не е единствената ѕвезда која дојде во Јувентус летово. Два дена пред купувањето на Аргентинецот, во Торино пристигна најголемата фудбалска надеж на Хрватска, Марко Пјаца. Играчот за врска беше купен за 25 милиони евра од Динамо. Пјаца последниот меч за „модрите“ го одигра против Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите и даде два гола од пенал.

Сега на ред за ново засилување чека и Алекс Витсал од Зенит. Двата клуба веќе постигнале договор за трансфер на Бразилецот. Јуве ќе му исплати 24 милиони евра на рускиот тим за услугите на белгискиот репрезентативец. Витсал беше во Зенит од 2012 година, кога дојде од Бенфика. Минатата сезона одигра 29 меча и даде три погодоци. Викендов Витсал со Зенит се радуваше на трофејот во Суперкупот на Русија, што најверојатно ќе биде и негов последен меч за тимот од Санкт Петерсбург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...