Руни може да ја загуби капитенската лента во Англија

Репрезентацијата на Англија точно 50 години чека да се израдува на триумф на едно големо натпреварување. Колевката на фудбалот, прв и единствен пат досега се радуваше на трофеј на Светското првенство во 1966 година, кога беше домаќин. Оттогаш поминаа пет децении, а „Гордиот Албион“ нема злато ниту на европско ниту на планетарно ниво.

По разочарувачкиот настап на континенталниот собир во Франција, Англија реши да го смени селекторот. На местото на Рој Хоџсон беше поставен Сем Алардајс.

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ДА ГИ СПАСУВА ЕКИПИТЕ

Популарниот Биг Сем со години мечтаеше да застане на чело на националниот тим, а сега како 61-годишник тоа му се исполни.

„Ова ќе ми биде најголемиот предизвик во долгогодишната кариера и се надевам дека ќе бидам успешен како што бев досега. Имам тренирано многу докажани играчи како што се Фернандо Јеро, Јури Џоркаеф, Џеј Џеј Окоча, Гери Спид, Николас Анелка и Мајкл Овен. Знам како треба со докажани ѕвезди и возбуден сум што ќе работам во репрезентацијата“, рече Алардајс, кој во 2006 година беше одбиен, кога конкурираше за оваа функција.

Во кариерата, тој е познат како специјалист за екипите кои се борат за опстанок. „Кога се работи за освојување трофеи во Англија, никогаш не сум бил на врвот од Премиер лигата. Секогаш сум се борел да ги спасам екипите од испаѓање и секогаш сум успевал во тоа. Знам дека не е исто како кога ќе освоиш трофеј, но, сепак, е голем успех кога ќе спасиш некој тим да не испадне“, додаде новиот селектор на Англија.

ЌЕ ИГРААТ САМО НАЈПОДГОТВЕНИТЕ

Селекторот вели дека кај него нема да играат имињата и нема да има играчи кои ќе бидат подобро третирани од другите. Затоа Алардајс вели дека може да се случи и некоја голема ѕвезда да не биде во составот, ако не е во посакуваната форма.

„Мора да создадеме тимски дух во репрезентацијата. Играчите да се зближат и да делуваат како една целина. Уште немам одлучено кој ќе биде капитен на составот. До мечот во септември има време. Тогаш ќе одлучам дали Руни или некој друг ќе ја има честа да биде предводник на теренот“, рече Алардајс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...