Гамеиро ќе биде замена за Меси, Суарез и Нејмар

Напаѓачот на Севилја, Кевин Гамеиро во новата сезона ќе го облече дресот на актуелниот европски првак Барселона. Двата шпански клуба се договорија за трансфер на францускиот напаѓач, а официјалната промоција треба да биде во следните неколку дена.

Со доаѓањето на Гамеиро, значи дека Барселона и дефинитивно ќе се откаже од идејата да го купи Лусиано Вието од Атлетико Мадрид. Многи веројатно е дека токму Вието ќе биде пратен како позајмен играч токму во Севилја на местото на Гамеиро.



РЕЗЕРВА КОЈА ЌЕ ЧИНИ 40 МИЛИОНИ ЕВРА

Засега не се открива која каталонскиот гигант ќе ја плати за Гамеиро, но претседателот на Севилја, Хосе Марија дел Нидо, рече дека нема намера да го продаде голгетерот за помалку од 40 милиони евра. Гамеиро беше во андалузискиот тим од 2013 година. Претходно тој ги носеше дресовите на Пари Сен Жермен, Лориен и Стразбург. Минатата сезона Французинот даде 16 погодоци во 31 дуел во шпанската Примера дивисион. Сепак, во каталонскиот гигант ќе биде резерва бидејќи на „Ноу Камп“ е незаменливо напаѓачкото трио Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез, кои даваат преку 100 погодоци во една сезона.

НА ПОДГОТОВКИ ВО АНГЛИЈА

Барселона „летна“ за Англија, каде ќе се подготвува во базата на англиската репрезентација. Меѓу оние кои се качија во авионот се и ѕвездите Меси и Суарез. Лео самоиницијативно реши да го прекине одморот за да може да може да се приклучи уште во првата фаза од подготовките на шпанскиот првак. Барселона првиот меч од подготовките ќе го игра в сабота против Селтик.

БЕТФЕР Е НОВ СПОНЗОР НА КАТАЛОНЦИТЕ

Компанијата за онлајн обложување, „Бетфер“ ќе биде новиот спонзор на Барселона. Челниците на двете страни се договорија за меѓусебна соработка во траење од три години.

„Барселона со задоволство информира дека потпиша долгогодишна соработка со Бетфер, која е една од водечките компании во светот на онлајн обложувањето“, велат од Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...