Црвена Звезда никогаш не победила во Бугарија

Европскиот првак од 1991 година, Црвена Звезда, вечерва гостува во Разград кај бугарскиот првак Лудогорец, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Низ историјата Звезда е многу поуспешен тим од Бугарите, но еден факт е во корист на Лудогорец.

„Црвено-белите“ никогаш досега не се радувале на триумф кога гостувале во Бугарија. Во далечната 1956 гостувале кај ЦСКА во Купот на европските шампиони и биле поразени со 2:1. Десет години подоцна играа против Локомотив во Пловдив во Купот на УЕФА, а Звезда повторно загуби со 2:1. Последен пат играле во Бугарија во сезоната 1987/88, кога во Купот на УЕФА се сретнале со Ботев и одиграа 2:2

Сепак, интересно е што во сите три дуели со бугарски претставници, Звезда на крајот искачала како победник и поминувала во следната фаза.



ДЕРМЕНЏИЕВ: НЕМА ФАВОРИТ, МОЖЕ ДА БИДАТ ПОТРЕБНИ И ПОВЕЌЕ ОД 180 МИНУТИ

Лудогорец е тимот кој доминира во бугарскиот фудбал во последните неколку сезони. Со одлична работа, Лудогорец еднаш успеа да игра и во групната фаза од Лигата на шампионите, каде за противник го имаа и Реал Мадрид. Во претходното коло, бугарскиот првак со убедливи 5:0 го елиминираа црногорскиот првак Младост, а сега на ред е најдобриот тим во Србија.

„Не беше толку лесно да се елиминира Младост. Сега на ред е Црвена Звезда, која има квалитетен состав. Ќе биде многу тешко. Мислам дека нема фаворит во овој двомеч. Дури може да бидат потребни повеќе од 180 минути за да се дознае кој тим ќе оди во следната фаза“, рече тренерот на Лудогорец, Георги Дерменџиев.

САКАМЕ ДА ПОБЕДИМЕ СО 10:0 ВО РАЗГРАД

Играчот за врска на Звезда, Мичел Доналд е уверен дека неговиот тим има сили да го елиминира Лудогорец. Холанѓанецот даде еден гол во двомечот против Валета, а сега очекува да биде ефикасен и против Бугарите.

„Голот против Валета што го дадов е еден од најубавите во мојата кариера. Пред осум месеци погодов и против Лудогорец во пријателски меч. Верувам дека пак можам да бидам прецизен. Сакам да победиме со 10:0 во Разград, но би било феноменално и ако не загубиме, а дадеме гол“, се очекувањата на Доналд.

ДИНАМО ПРОТИВ ДИНАМО

Хрватскиот шампион Динамо Загреб, кој минатата недела го елиминираше скопски Вардар, вечерва на „Максимир“ го пречекува Динамо од Тбилиси. Домаќините ќе бидат ослабени поради неиграњето на нивниот најдобар играч од средбата со Вардар, Марко Пјаца, кој направи трансфер во италијанскиот првак Јувентус.

Интересно треба да биде и во Амстердам, каде Ајакс го пречекува солунски ПАОК. Ајакс во последното коло од холандското првенство ја загуби титулата и затоа сега мора да игра квалификации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...