Матиќ на чекор од Реал Мадрид

Иако Антонио Конте изјави дека Немања Матиќ не е на продажба и дека е во неговите планови за новата сезона, сепак, се чини дека е пред трансфер и пред преселба во редовите на Реал Мадрид.

Матиќ е новата желба на Зинедин Зидан кој посакува искусен играч во средниот ред за посилен кадар во новата сезона. Откако пропаднаа работите со Пол Погба кој и понатаму е во опција за преселба во Манчестер јунајтед и Андре Гомеш кој веќе се пресели во Барселона, Матиќ е фудбалер кој би требало да го засили Реал Мадрид.



„Во моментов јас сум играч на Челзи, а имам договор уште три години. Сепак, во фудбалот никогаш не се знае ништо и многу работи се менуваат набрзина. Затоа, сè е можно и може да се случува сè“, вели Матиќ.

Конте пред неколку дена изјави дека нема намера да го продаде Матиќ, но од Реал Мадрид се подготвени да платат сума од 38 милиони евра. Дали тоа ќе биде дововолно ќе покаже времето.

Инаку, има уште играчи во опција доколку не се случи ништо и со Немања Матиќ. Следен на списокот желби кај Реал Мадрид е Марко Верати од ПСЖ, како и Сисоко и Матуиди кои се репрезентативци на Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...