Пол Погба од денеска пак во црвено

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Пол Погба доби дозвола да отпавува за Англија, а веќе денеска се очекува да има нова вест. Денеска би требало да биде објавено дека Погба го стави потписот на договорот со тимот за кој тренираше, но не доби шанса пред да замине во Торино.

Манчестер јунајтед ќе треба добро да ја плати грешката кога му дозволи на Погба да си замине од клубот. Сега комплетната сума ќе се движи од 110 милиони до 120 милиони евра. Овие информации допрва ќе треба да бидат потврдени, па веројатно сè ќе биде познато откако трансферот ќе биде комплетиран.



Од она што до вчера беше познато сосема јасно е дека Јувентус се согласи на трансфер и му дозволи на Погба да замине во Англија и да ги помине лекарските прегледи. Истите би требало да бидат извршени во текот на денешниот ден, а веднаш после тоа ќе стане и познато колку ќе биде договорот на Погба со „ѓаволите“.

Се зборува за договор од пет години, а дали ќе биде така ќе стане јасно откако ќе биде објавен официјално неговиот трансфер односно неговото враќање во таборот на „ѓаволите“.

СЕ ЧЕКА РЕКОРД

Доколку бројките коишто се најавуваат за трансферот на Погба станат и реалност тогаш ова ќе биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Дефинитивно досега 100 милиони евра беа максимумот, но Погба може да отвори нова димензија во фудбалските трансфери така што ова ќе биде нов патоказ, но дефинитивно и нова задача на УЕФА за разгледување на финансискиот фер-плеј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...