Премиерлигашот Саутемптон го сруши клупскиот рекорд на исплатена суми за трансфери, а „виновник“ за тоа е мароканскиот фудбалер Софијано Буфал.
За ангажирањето на 22-годишниот Мароканец, клубот издвои 17 милиони фунти.
Досегашниот рекорд изнесуваше 15 милиони фунти, сума платена за Вирџил ван Дајк при трансферот од Селтик.
Буфал има одлична сезона зад себе во Лил. Тој постигна 12 голови и беше еден од најдобрите млади фудбалери во Лига 1.