Енрике стигна до 100 победи во само 126 меча

Актуелниот шпански првак Барселона со две победи во два меча стартуваше во Примера дивисион и покажа дека и овој пат е главен фаворит за одбрана на тронот. Каталонците успешно го поминаа тестот во Билбао против Атлетик победувајќи минимално, со 1:0. Освен радоста за трите освоени бода, тренерот на Барселона, Луис Енрике, имаше дополнителна причина за славење.

Со овој триумф, Енрике постави нов рекорд во Шпанија, и тоа за тренер кој набрзо стигнал до 100 победи. На стратегот на Барселона му беа потребни само 126 меча да биде на клупата, за да стигне до јубилејниот триумф.

ПОВЕЌЕ СЕ РАДУВА ШТО БАРСА ГО ИЗДРЖА ПРИТИСОКОТ ВО БИЛБАО

На Енрике не му е многу важно за рекордот, колку што се израдува бидејќи неговиот тим победи на едно од „најжешките“ гостувања во лигата.

„Темпото на играта беше фанатично, што не е вообичаено за овој период од сезоната. Знаевме дека Атлетик ќе се обиде да направи притисок. На почетокот правевме грешки, но го издржавме притисокот и потоа успеавме да ја контролираме играта. Дадовме спектакуларен гол и на крајот стигнавме до победа против еден фантастичен тим. Ова е многу значаен триумф“, рече Енрике по мечот во Билбао.

ИМА САМО 13 ПОРАЗИ И 13 НЕРЕШЕНИ СО БАРСА

Популарниот Лучо трета сезона е на чело на тимот од „Камп Ноу“. Тој не само што постави нов клупски рекорд туку и рекорд во Шпанија за најбрзо стигнување до 100 победи. Најмногу пати се радувал во првенството. Вкупно на 78 средби има 61 победа. Колку за споредба, Гвардиола имал 59 победи во 77 меча во Примера.

Во првата сезона Енрике имал вкупно 50 победи, во втората се радувал 46 пати, а сега во третата сезона веќе нареди четири триумфи. Од тие 126 средби како тренер, има само по 13 порази и 13 нерешени средби.

ЗАД СЕБЕ ГИ ОСТАВИ МУРИЊО И ГВАРДИОЛА

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше рекордерот во Шпанија. На Португалецот со „Кралскиот клуб“ му беа потребни 133 меча за да стигне до 100 победи. Рекордот на Барселона беше на Гвардиола, на кого тоа му успеа во 139 меча.

Дури и гол разликата е на страната на Енрике, во однос на Пеп. Сегашната Барселона има дадено 359 погодоци, а примила само 91, додека таа на Гвардиола била со гол разлика 339-108.

Сепак, на страната на Гвардиола е тоа што е најважно, трофеите. Додека беше Пеп на чело на екипата, во витрините на клубот пристигнаа дури 14 трофеи, што значи дека Енрике има уште еден голем предизвик пред себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...