Несторовски: Вербата во нашите квалитети е тоа што не мотивира

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за првиот натпревар од новиот квалификациски циклус за пласман на СП во Русија 2018 година, против Албанија на 5 септември во Скадар. Фудбалерот на Палермо Илија Несторовски верува во квалитетот на оваа репрезентација и се надева дека подготовките ќе минат без проблеми.

- Верувам дека секој играч кој е овде може да ги исполни замислите и очекувањата на селекторот. Вербата во нашите квалитети е она што не мотивира и навистина се надевам дека на најдобар начин ќе ги одработиме подготовките и ќе бидеме подготвени за пресметката во Скадар. Тимскиот дух е секогаш важен и се надевам дека ќе биде наша предност на натпреварите. Јасно е дека ќе биде тежок натпреварот против Албанија, но треба да бидеме концентрирани на нашиот пристап и игра, изјави Несторовски.

И членот на Шкендија, Бесарт Ибраими вели дека сите во тимот размислуваат позитивно, се надева дека атмосферата ќе остане на високо ниво.

- Нов почеток, нови квалификации, нов предизвик. Мораме да ги почитуваме замислите на селекторот за да постигнеме позитивен резултат. Наша цел е да бележиме подобри игри и резултати во квалификациите и се надевам дека ќе успееме во тоа. Позитивни сме, атмосферата е одлична и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво како на тренинзите, така и на натпреварот, изјави Ибраими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...