Нашиот селектор Игор Ангеловски нормално по мечот не сака да дава изјави затоа што истиот не заврши.
„Не би коментирал ништо во моментов во врска со мечот, затоа што има да се доиграат уште тие петнаесетина минути. Мора да останеме сконцентрирани и јас и играчите затоа што мечот не е завршен и треба да се доигра. Одиме и утре на позитивен резултат како што најавивме и пред почетокот на натпреварот„ - рече нашиот селектор по мечот.
Резултатот до прекинот гласеше 1-1, а натпреварот ќе се доигра денес во 14 часот.