Барселона убедлива во дуелот со Манчестер Сити

Фудбалерите на Барселона ја постигнаа и третата победа во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен го победија премиерлигашот Манчестер Сити со 4:0.

Лионел Меси постигна хет –трик, а четвртиот гол е дело на Нејмар, откако претходно голманот на „граѓаните“ Вили Кабаљеро му одбрани пенал. Каталонците од 53.минута играа со фудбалер повеќе, бидејќи беше исклучен голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво и беше заменет со Кабаљеро.

Максимален учинок од групите кои синоќа се играа покрај Барселона има и Атлетико Мадрид.

Резултати и табели:

А група: Арсенал – Лудогорец 6:0 и ПСЖ – Базел 3:0.

Табела: Арсенал 7 бодови, ПСЖ 7, Базел 1, Лудогорец 1.

Б група: Наполи – Бешикташ 2:3 и Динамо Киев – Бенфика 0:2.

Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1.

Ц група: Селтик – Борусија Менхенгладбах 0:2 и Барселона – Манчестер Сити 4:0.

Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 4, Борусија М. 3,Селтик 1.

Д група: Ростов – Атлетико Мадрид 0:1 и Баерн – ПСВ Ајндховен 4:1.

Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн 6, Ростов 1 , ПСВ Ајндховен 1.

Натпреварите од 4.коло се играат на 1 и на 2 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...