Квалификации СП 2018: Македонија му гостува на фаворитот Шпанија

Гранада, 12 ноември 2016 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација вечер против фаворитот Шпанија ќе се обиде да направи изненадување и за првпат да остане непоразена во квалификациите за Светското првенство 2018.

Селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во тимот и се надева на добра игра.

- Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат остварени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно, бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери, истакна Ангеловски.

Натпреварот Шпанија – Македонија е во рамките на 4.коло од групата Г и ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Лос Карменес“ во Гранада. Во истиот термин од оваа група се среќаваат: Лихтенштајн – Италија и Албанија – Израел.

Табела по три рунди: Шпанија 7 бодови, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...