Болница пред „Ел Класико“

Подготовките за еден од најголемите дерби дуели во светот, шпанското „Ел Класико“ веќе започнаа. Барселона и Реал Мадрид ќе излезат на мегдан в сабота на „Ноу Камп“. Како ретко кога во последниве неколку години, Реал Мадрид влегува со предност од дури шест бода. Гостите се полни со самодоверба и се надеваат дека ќе ја задржат оваа предност, а во Барселона се под притисок дека мора да ги освојат трите бода.

Двете екипи се соочуваат со проблеми и сигурно нема да настапат во најсилните состави. Дури 11 играчи во двата тима се повредени. Дел од нив сигурно ќе го пропуштат мечот, а дел се во трка со времето за да бидат подготвени за дербито.

Реал Мадрид сигурно ќе биде без Герет Бејл, Тони Крос и Алваро Мората, додека неизвесни се дефанзивците Фабио Коентрао и Рафаел Варан. И тренерот на Барселона, Луис Енрике има многу проблеми со повредени. Дури шестмина играчи се под знак прашалник за „Ел Класико“. Листата на повредени ја предводи капитенот Андрес Иниеста, Жори Алба, Жерар Пике, Жереми Матије, Самуел Умтити и Арда Туран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...