Агуеро: Морам да го убедам Пеп да ме задржи

Напаѓачот на Манчестер сити Серхио Агуеро повторно беше ставен на клупата на мечот против Свонси, а на негово место играше новото засилување Габриел Жесус кој ги даде двата гола во победата со 2:1. Агуеро влезе во игра во 83 минута, точно пред изедначувачкиот гол на Свонси. Аргентинецот беше на клупата и на мечот со Вест Хем на 1 февруари, а воопшто не беше во комбинација на мечот со Кристал Палас во ФА Купот.

„Имам уште три месеци да му помогнам на клубот, а потоа тие ќе решат дали ќе има место за мене или не. Јас сакам да останам, но тоа не зависи само од мене. Имам договор на уште три години и затоа велам дека сум среќен тука. Кога седиш на клупата, треба да го прифатиш тоа и да ја чекаш својата шанса. Во следните три месеци ќе се обидам да го убедам Пеп дека треба да ме задржи“, вели Агуеро кој сезонава постигна 11 гола.

Само што дојде Гвардиола на Итихад го седна Агуеро на клупата и ги пропушти првите неколку натпревари. Потоа почна да добива шанса. Со тоа Пеп како да сакаше да му порача дека Сити не зависи само од него и дека мора да се труди за да го сочува првотимскиот статус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...