Победа на Гранада над Бетис

Гранада, 18 февруари 2017 (МИА) – Екипата на Гранада оствари важна победа во борбата за опстанок во Примера откако синоќа со 4:1 го совлада Бетис во првиот натпревар од 23.коло.

Ова за Гранада е втора од вкупно трите победи во шампионатот и постигната во последните три кола. Гранада се наоѓа на претпоследното место со 16 бодови, додека Бетис е на 14-та позиција со 24 бодови.

Головите за Гранада ги постигнаа: Мехди Карцела Гонзалез во 18.минута, Адриан Рамос во 28 и 64.минута и Андреас Переира во 33.минута, додека стрелец за Бетис беше Петрос во 75.минута.

Во првиот натпревар денеска играат: Хихон – Атлетико Мадрид (почеток 13 часот), а потоа се играат дуелите: Реал Мадрид – Еспањол, Депортиво – Алавес и Севиља – Еибар. Утре се играат дуелите: Реал Сосиедад – Виљареал , Валенсија – Атлетик Билбао, Селта – Осасуна, Барселона – Леганес и Малага – Лас Палмас.

Табела: Реал Мадрид 49 бодови, Барселона 48, Севиља 46, Атлетико Мадрид 42, Реал Сосиедад 41, Виљареал 36, Еибар 35, Атлетик Билбао 35,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...