Лондон, 21 февруари 2017 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал успеа да се пласира во четвртфиналето од ФА купот откако синоќа како гостин го победи нисколигашот Сатон со 2:0.
Стрелци на головите беа Лукас Перез во 26.минута и Тео Волкот во 55.минута.
Во четвртфиналето Арсенал за противник ќе има уште една екипа од пониските рангови во Англија, а тоа е Линколн.
Од осминафиналето треба да се одигра уште повторениот дуел меѓу Манчестер Сити и Хадерсфелд (28.февруари).
Во четвртфиналето другите двојки се:
Тотенхем – Милвол,
Челзи – Манчестер Јунајтед и
Мидлсброу – Манчестер Сити или Хадерсфелд.
Натпреварите ќе се играат на 11 и 12 март.