Баерн е единствен во Европа

Само еден клуб во Европа на сите мечеви кои ги играл на домашен терен имал максимално исполнет стадион. Тоа е германскиот првак Баерн Минхен, покажуваат податоците од Трансфермаркет. Најтрофејниот германски клуб ја има распродадено „Алијанц арена“, која постојано има 75.000 гледачи да ги бодри. Во Топ 10 најисполнети стадиони има уште два клуба од Германија и дури седуммина англиски премиерлигаши.

Изненадувачки, на второто место, по процентуално исполнет капацитет на стадионот е германскиот бундеслигаш Фрајбург. Стадионот на овој тим собира само 24.000, но просечно има 23.942 гледачи, што е 99,76 отсто исполнетост.

НАВИВАЧИТЕ НА ЧЕЛЗИ ЧЕКААТ ПРОСЛАВА НА ТИТУЛА

Челзи е со најверни навивачи во Англија. Водечкиот тим во Премиер лигата е на третото место со 99,75 отсто исполнетост. Тоа е малку подобар процент од градскиот ривал Арсенал, кој има исполнетост на капацитетот од 99,55 отсто. Сепак, треба да се потенцира дека „топчиите“ имаат стадион, кој е за 20.000 гледачи со поголем капацитет.

Најтрофејниот клуб во Англија, Манчестер Јунајтед, е со 99,53 отсто пополнетост на „Олд Трафорд“. Интерено е што Манчестер има повеќе гледачи во просек од Баерн бидејќи стадионот им е поголем. „Црвените ѓаволи“ во просек ги бодрат 75.288 гледачи. Манчестер е последниот европски тим, со просек поголем од 99 отсто посетеност.

Место во Топ 10 најполни стадиони според капацитетот има место и за англискиот првак Лестер. „Лисиците“ на свој терен има пополнетост од 98,99 отсто. Потоа следуваат Келн (98,97 отсто), Евертон (98,64%), Кристал Палас (98,52), Стоук (98,10 отсто).

НИКАДЕ ГИ НЕМА РЕАЛ И БАРСЕЛОНА

Во ова рангирање нема место за англиските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Тоа е така, бидејќи тие имаат и најголеми стадиони. „Камп Ноу“ во Барселона собира 98.000 гледачи, а има пополнет капацитет во просек од 78 отсто, што е премалку во споредба со најдобрите.

Слично е и со Реал Мадрид. Сезонава, во просек капацитетот на „Сантијаго Бернабеу“ е полн 79 отсто. Малку подобар е третиот шпански гигант, Атлетико. „Јорганџиите“ имаат опросек од 80 отсто.

Во Шпанија процентуално најисполнет е стадионот на Леганес, со 88 отсто од капацитетот. Тој стадион собира само 10.000 гледачи.

ЈУВЕНТУС Е НАД СИТЕ ВО СЕРИЈА А

Од италијанските екипи, на првото место е шампионот Јувентус. „Старата дама“ е над европскиот просек и има 87 отсто пополнетост на стадионот во Торино. Далеку зад Јуве се останатите големи екипи. Кога Интер е домаќин, капацитетот е со 56 отсто исполнетост, а на Наполи и Милан стадионите им се на 50 отсто. Рома е со само 40 отсто, а Лацио е најочаен со 28 отсто исполнетост на „Олимпико“, кога е домаќин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...