Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни клубовите Лион и Бешикташ по инцидентите на првиот меч од четвртфиналето од Лигата на Европа. УЕФА смета дека двата клуба подеднакво се одговорни за инцидентите па затоа условно се казнети со исклучување од натпреварувањето на една година. Истата се однесува на сезоната кога екипите ќе изборат пласман во Лигата на шампионите или Лигата на Европа. Доколку сличен прекршок се повтори во наредните две сезони тогаш горенаведената казна ќе стапи на сила.
Освен тоа клубовите ќе платат и по 100,000 евра. Поточно Лион е одговорен за нередите, употреба на пиротехника, блокирање на влезовите и влегување на навивачи на терен, а Бешикташ за нереди, употреба на пиротехнички средства и фрлање на предмети на теренот на навивачите на турскиот тим.
ЛИГА ЕВРОПА - 1/4 ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)
БЕШИКТАШ (1) - (2) ЛИОН
Талиска 27’ - Лаказет 34’
ГЕНК (2) - (3) СЕЛТА
МАН.ЈУНАЈТЕД (1) - (1) АНДЕРЛЕХТ
Мхитарјан 10’ - Хани 32’
ШАЛКЕ (0) - (2) АЈАКС