Двојно повисока плата за Покетино

Интер ја продолжува потерата по тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, и во обид да го намами на „Џузепе Меаца“, му нуди двојно повисока плата од онаа што ја добива во лондонскиот клуб.

„Нероаѕурите“ во вторникот го отпуштија Стефано Пиоли, на три кола пред крајот на Серија А, затоа што тимот освои само два бода во последните десет кола. Јасно е дека местата за Европа се далеку, па раководството се подготвува за новата сезона, во која целта ќе биде пласман во топ 3.

Работата со Диего Симеоне пропадна затоа што тој изјави дека нема да си оди од Атлетико, Луис Енрике ќе одмора една година, па изборот паднал на Покетино, во кого сите на „Меаца“ гледаат како на спасител.

Како главен адут на Интер во преговорите со Покетино е платата. „Нероаѕурите“ му нудат на аргентинскиот стратег двојно повисока плата (околу 8,5 милиони фунти) од онаа што ја добива на „Вајт Харт Лејн“. Освен тоа, тренерот би добил голем буџет за трансфери и ќе може да доведе неколкумина квалитетни играчи. А и Тотенхем, во страв да не го загуби, е решен да му понуди поголема плата за да го задржи во своите редови на подолго. Ќе видиме кој ќе излезе како победник. Доколку пропадне и оваа варијанта, тогаш Интер, веројатно, ќе се насочи кон Лучано Спалети, кој по завршувањето на сезоната ќе си замине од Рома.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...