Возбудлива завршница во европските фудбалски лиги

Возбудлив викенд за фудбалските фанови низ Европа. Реал Мадрид е на само еден чекор до титулата, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити се борат за влез во Лигата на шампионите, додека во Бундес лигата заминуваат две од најголемите имиња на европскиот фудбал. Единствено на МaxTV, каде може да ја најдете најбогатата понуда на спортски ТВ содржини, љубителите на фудбалот ќе можат да ја проследат завршницата на најдобрите фудбалски првенства, а воедно да се подготват за финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Кој ќе биде шампион на шампионите?

Монако, тимот од кнежеството, по пауза од 17 години повторно ја освои шампионската титула во Франција, вкупно 8-ма во историјата на клубот. Со 3-те освоени бодови од последниот меч  Монако има недостижни шест бодови повеќе во однос на Пари Сен Жермен, инаку првак на Франција во изминатите 4 сезони.

Во Италија, „Старата дама“ ја потврди својата доминација на теренот со рекорден 12-ти трофеј во Купот на Италија. Она што ќе привлече големо внимание, несомнено е натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, кој ќе биде своевидно дежаву на мечот одржан во Амстердам, во 98-ма.  Реал ќе се обиде да ја задржи титулата, додека Јуве немилосрдно ќе атакува на трета европска круна.

Најбогатата понуда на содржини од Лигата на шампионите, италијанската Serie A и француската Ligue 1 може да ја проследите ексклузивно на MaxTV на каналите на Арена Спорт од 361-364 и во HD од 365-368.

Три англиски екипи во тесна борба за место во Лигата на шампионите

Во  Премиер Лигата, Челзи мирно спие со шампионската титула, додека драмата продолжува за гигантите Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, кои се борат влез во Лигата на шампионите.

Ако Манчестер Сите не успее да се избори за место, ова ќе биде прв пат за Пеп Гвардиола да не успее да го квалификува својот тим, нешто што последен пат се случи во сезоната 2010/11. Сити во моментот е трет на табелата каде победата над Ватфорд, му носи директен влез во групната фаза, додека поразот му ја отвора вратата на Арсенал за можен пласман. Ливерпул пак е на четвртата позиција и со евентуална победа нас Мидлзбро влегува во игра за Лигата на шампионите. Сè на сè, интересна и мошне тензична завршница што треба да ја погледне секој страствен љубител на фудбалот.

Дали кралскиот Реал ќе ја понесе круната?

Екипата на Реал Мадрид е на чекор до освојување на титулата во фудбалскиот шампионат на Шпанија.  На крајот од сезоната во Примера, Реал води со 90 бодови, само 3 повеќе од неговиот ривал Барселона. Единственото нешто што го дели од посакуваната титула е гостувањето кај  Малага, каде што треба да освои еден бод.

Земајќи ја менталната сила со која Реал настапуваше во текот на целта сезона, мала е веројатноста дека во последен момент ќе дозволи изненадување. Барселона пак викендов игра на домашен терен против Еибар и важи за апсолутен фаворит.

Проследете ги натпреварите од англиската Premier и шпанската La Liga на MaxTV на каналите Sport Klub 333 – 336 или во HD на 341-343.

Емотивна завршница за Баерн Минхен

Фановите на Баерн Минхен, викендов ќе се збогуваат со две легенди на европскиот фудбал, Филип Лам, еден од најдобрите, а воедно и најважните германски играчи и Чаби Алонсо, 35-годишниот играч за врска кој зад себе има два европски и еден светски трофеј.

За Фрајбург ова ќе биде тешка планина за искачување, со оглед на тоа дека досега никогаш не победил на гостување во Минхен, а воедно немаат ниту една победа во текот на последните 4 гостувања. 

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...