Фудбал У-18 години: Македонија поразена од Словачка

Скопје, 7 јуни 2017 (МИА) - Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години беше минимално поразена од Словачка во првиот од двата контролни натпревара кои се играат во Скопје.

На средбата одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија од врсниците од Словачка со 1-0.

Првото полувреме мина со отворена игра и неколку добри ситуации пред двата гола, меѓутоа реализацијата изостана. Најзрелата можност за „црвено-жолтите“ ја имаше Кристијан Трапановски во последните минути од првото полувреме.

Во продолжението од средбата репрезентацијата на Словачка постигна погодок кој беше одлучувачки на овој натпревар. Стрелецот на голот беше Доминик Гулаж.

И во вториот дел репрезентацијата предводена од Вујадин Станојковиќ имаше свои шанси, но истите не беа искористени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...