Елиф Елмас со потпис на петгодишен договор го официјализирал својот трансфер. Во секој момент се очекува претставувањето.
Нема веќе дилеми, Елиф Елмас и официјално е нов член на Фенербахче. Нашиот фудбалски бисер и мега-талент, во саботата ставил свој потпис на петгодишниот договор со гигантот од Истанбул.
„Македонски спорт“ веќе објави дека пред неколку денови Елмас успешно ги мина лекарските прегледи, а еве ексклузивно објавуваме дека Елмас од завчера и официјално е нов фудбалер на Фенербахче.