Кристијано Роналдо на својот профил на Instagram се пофали дека сепак патува и доаѓа во Скопје. Облечен во елегантен костум со потпис од нивниот спонзор Hugo Boss, тој изгледа неверојатно добро.
Looking good👌
A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on
Во исти такви костуми е облечен целиот тим на Реал Мадрид.
Момците пристигнуваат денес, а утревечер го играат УЕФА Супер куп натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Токму денес Реал Мадрид го објави комплетниот список на фудбалери кои ќе играат на „Телеком Арена“: Навас, Касилја, Лука - голмани; Карвахал, Валјеро, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ахраф - одбрана; Крос, Модриќ, Касемиро, Маркос, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалос - среден ред; Кристијано Роналдо, Бејл, Бензема, Лукас, Мајорал - напад.
Градот е веќе подготвен за сместување и забава на фановите на овие два големи фудбалски клуба. На плоштад „Македонија“ веќе има поставено бина, каде што пред натпреварот ќе има забава со многу познати изведувачи.