Неутралната зона отворена за фудбалските фанови

Денес на плоштад „Македонија“ официјално се отвори „неутралната фан зона“ подготвена од Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот. Секој чекор кој е преземан има за цел да ги истакне емоциите кои следат пред големиот натпревар помеѓу најтрофејните европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Покрај бројните активности организирани од страна на Град Скопје се активираа и 4 од 8те партнери на УЕФА, ангажман кој досега се нема случено на друг Супер Куп во голем број на градови низ Европа. Тие ќе се погрижат за дополнителните активности и за освежувањето на посетителите. Во самата зона во соработка со УЕФА и ФФМ веќе се поставени и трите трофеи на УЕФА, трофејот на Лигата на Шампионите, трофејот на Лига Европа и Супер Купот.

Секој посетител ја има можноста да се фотографира со нив и со позадини од двата тима, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Спремно е и грас рут игралиште на кое млади момчиња и девојчиња од цела Македонија ќе се натпреваруваат за интересни награди. Момчињата започнаа со дуелите денес во 11.00 часот, а ќе ги завршат натпреварувачките активности во 13.00 часот, додека пак девојчињата ќе играат следниот ден, во истиот термин.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

Првиот ден, 07.08.2017 (понеделник), ќе настапат Симона Попоска, DJ Mats, ContruDJ и DJ Branchez, додека на 08.08.2017 (вторник), за одлична забава ќе се погрижат Сара Мејс, DJ Dela, Brass Brothers и DJ Bobi.

„Неутралната фан зона“ на 7ми август и на 8ми август започнува со работа во 11.00 часот. Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до 8ми август до 16.00 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...