Шампионот Челзи поразен од Барнли на стартот на новата сезона во Премиер лигата

Лондон, 12 август 2017 (МИА) – Актуелниот англиски шампион Челзи со пораз од Барнли ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.

На средбата од 1.коло одиграна попладнево во Лондон, Челзи загуби од Барнли со 2-3.

Гостите во првиот дел имаа убедлива предност од 0-3 откако два гола постигна Сем Воукс (24 и 43.минута), а во листата на стрелци се запиша и Стивен Ворд.

Во вториот дел „сините“ преку Алваро Мората (69) и Давид Луиз (88) само успеаа да го ублажат поразот.

На останатите натпревари одиграни попладнево беа постигнати овие резултати: Кристал Палас – Хадерсфилд 0-3, Евертон – Стоук 1-0, Саутемптон – Свонси 0-0 и ВБА – Борнемут 1-0.

Денешната програма која започна со дуелот Вотфорд – Ливерпул 3-3, ќе биде заокружена со средбата Брајтон - Манчестер Сити.

За утре закажани се дуелите, Њукасл – Тотенхем и Манчестер Јунајтед - Вест Хем.

Потсетување дека вчера во првиот натпревар од новата сезона Арсенал го победи Лестер со 4-3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...