Милевски се извини за поразот од Гибралтар

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски по вчерашниот пораз од Гибралтар ја презема одговорноста и упати јавно извинување до целата јавност.

Македонија вчера загуби од Гибралтар со 1:0 во квалификациите за ЕП во Италија.

- Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти, вели Милевски.

Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во негирањето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа, додава македонскиот селектор.

Најважно сега за оваа репрезентација, посочува Милевски, е да се остане сплотен.

- Заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе, потенцира Благоја Милевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...