Мурињо: Њукасл се бореa како животни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, имаше само пофални зборови за Њукасл по поразот на „црвените ѓаволи“ од 1:0 на „Сент Џејмс Парк“. „Црно-белите“ забележаа успех по голот на Мет Ричи.
 
- Се бореа како животни, се надевам дека ќе ги прифатат моите зборови како комплимент. Боговите на фудбалот беа на нивна страна. Денес едноставно не ни одеше. Ние направивме грешка во одбраната, и тие веќе водеа во резултатот. Ги дадоа своите животи за да ја задржат својата мрежа „сува“, изјави Жозе Мурињо по натпреварот.


 
- Моето мислење е дека можевме да играме и 10 часа, и повторно немаше да им дадеме гол. Тие ја искористија нашата дефанзивна грешка. Очигледно, судбината не беше на наша страна. Што ни недостига? Да постигнеме гол. Имавме шанси при 0:0. Алексис Санчез излезе сам пред голот, а потоа имавме безброј можности во последните 20-25 минути. Двојното промашување на Марсиал во последните моменти пак беше неверојатно, додаде португалскиот менаџер.
 
По овој пораз Јунајтед заостанува зад лидерот Сити со 16 поени зад Сити и на 11 круга пред крајот на сезоната, битката за титулата во Премиер лигата се чини дека конечно е решена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...