Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Хрватскиот фудбалер Домaгој Вида му се извини на рускиот народ поради непримерните коментари по победата на Хрватска против Русија во четвртфиналето на Светското првенство.



Вида, кој во моментов игра за Бешикташ и е поранешен член на Динамо од Киев, во видео заедно со Огњен Вукојевиќ, по триумфот им порача на домаќините „Слава на Украина!“.

- Знам дека направив грешка. Сакам уште еднаш да им се извинам на Русите. Навистина не размислував и се извинувам. Но, некогаш таков е животот и мораме да учиме од сопствените грешки. Ги почитувам и Украинците и Русите и Србите со кои сум играл и играм во клубот, изјави Вида за руските медиуми.

ФИФА по овој испад го предупреди Вида, додека членот на стручниот штаб на хрватската репрезентација Вукојевиќ беше казнет со 15.000 швајцарски франци.

Хрватска ја совлада и Англија во полуфиналето, а дел од навивачите во Москва го исвиркуваа Вида при секој контакт со топката.

Во недела хрватската репрезентација ќе се соочи со Франција во борба за трофејот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...